• Матични клетки

    Информирајте се повеќе за аргументите за складирање и терапевтските можности

    Повеќе...
  • Колекција на примерок

    Што треба да знаете, и што треба да направите. Чекор по чекор за процесот на колекција

    Повеќе...
  • Наша услуга

    Разновидни пакети со цел да ги задоволат вашите различни барања. Запознајте се со нашите премиум услуги!

    Повеќе...
  • Зошто КриОвум ?

    Сето она што прави да се чувствувате сигурно. Обезбедување на квалитет, препораки, гарација

    Повеќе...
  • Најчесто поставувани прашања

    Најчесто поставувани прашања. Дали ви се потребни дополнителни информации? Чувствувајте се слободно и повикајте не!

    Повеќе...

Колекција на примерокот

На кој начин може да се добијат матични клетки?

Наједноставниот начин за добивање на матични клетки – практично без нанесување на било каква болка и ризик, е собирање од крвта на папочната врвца и од ткивото.

Чекор по чекор за колекцијата на примерокот од крвта на папочната врвца

Кога ?

Крвта од папочната врвца може да се собере веднаш после породувањето на детето, од артерија или вена на папочната врвца- по пресекувањето на папочната врвца, но пред исфрлање на плацентата.  Доколку се добие недоволна количина на крв од крвните садови на папочната врвца, постојат можности за собирање на крвта директно од плацентата пред  да се исфрли.

Како ?

Како и сите активности кои ја вклучуваат крвта од папочната врвца, и собирањето се одвива со најголема внимателност  и под стерилни услови- се користи стерилен прибор за собирање, ракавици и маска. Колекцијата на примерокот е можна ,  во случај на вагинално породување и во случај на породување со царски рез, се додека таа постапка не влијае на процесот на породување. Доколку за време на породувањето нема компликации, собирањето на примерокот од крвта на папочната врвца трае околку 5 минути.

Колку?

Колку што е возможно! Би било идеално кога вреќичката за колекција на материјалот која содржи антикоагуланти, биде полна, со оглед на тоа дека количината на матични клетки е директно пропорционална со количината на собрана крв. Меѓутоа, количината на крв од папочната врвца која може да се земе за примерок зависи од неколку фактори:  број на недели од бременоста, големина на плацентата, зрелост на плацентата, начинот на кој се одвивало породувањето итн. Што значи, практично, проблем може да биде количината на крв која е собрана да биде недоволна. Според меѓународните стандарди, не се препорачува складирање на примерок на крв помешана со антикоагулант помалку од 50мл, бидејќи во случај на помал примерок на крв бројот на матични клетки  е пренизок.  Сепак, нашето практично искуство покажува дека и кај примероци од 45-50 мл вреди да се чека процесот на обработка.  Поради тоа, родителите не треба да носат одлука за зачувување на матичните клетки врз основа на волуменот на собраниот примерок,туку врз основа на податоците кои што го покажуваат бројот на собраните матични клетки од примерокот.

Складирање и транспорт

За време на транспортот до лабораторијата, примерокот на крв од папочната врвца треба да се одржува на температура  помеѓу 4 и 30 C, со цел да се заштити од екстремните температурни осцилации. Сетот за колекција содржи торба која е наменета за таа цел. Овие торби се опремени со посебен уред  кој ги бележи податоците за температурата, што овозможува ретроспективен приказ на условите во кои примерокот е транспортиран и зачуван. Примерокот  треба да биде транспортиран во лабораторијата во рок од 36 часа по породувањето. Придаваме посебна важност на процесот на обработка на примерокот на крв од папочната врвца испратен во лабораторија во рок од 36 часа по породување.

 

Чекор по чекор за колекцијата на примерокот од ткивото на папочната врвца

Каде?

Примерокот на ткиво од папочната врвца може да се земе по раѓањето на детето, непосредно по земањето на крв од папочната врвца, обично пред исфрлање на плацентата, но исто така можно е и после тоа.

Кој?

Примерокот на ткиво од папочната врвца може да го одвои гинекологот или акушерката која помага при породувањето. Сетот за колекција ги содржи сите потребни инструменти.

Како?

Примерокот на ткиво од папочната врвца исто така ќе биде колектиран со најголема внимателност  и под стерилни услови – со помош на стерилен прибор за собирање, ракавици и маска. Оваа колекција е можна и во случај на вагинално породување и во случај на породување со царски рез. Одвоениот дел од папочнаta врвца се складира во стерилен сад за колекција,  и откако ќе се додаде физиолошкиот раствор, садот за колекција на материјалот се затвара.

Колку?

Од аспект на обработка, идеалната должина на папочната врвца е 20 сm, Доколку должината на папочната врвца е помала од 8 cm,  не се препорачува чување, бидејќи во тој случај, бројот на матични клетки кои што можат да се издвојат од примерокот ќе биде многу мал.

Чување и транспорт

За време на транспортот до лабораторијата, примерокот на ткиво од папочната врвца треба да се одржува на температура помеѓу 4 и 30 С, со цел да се заштити од екстремните температурни осцилации. Сетот за колекција содржи торба која е наменета за таа цел. Овие торби се опремени со посебен уред  кој ги бележи податоците за температурата, што овозможува ретроспективен приказ на условите во кои примерокот е транспортиран и зачуван. Придаваме посебна важност на процесот на обработка на примерокот на ткиво од папочната врвца испратено во лабораторија во рок од 36 часа по породување.