• Матични клетки

    Информирајте се повеќе за аргументите за складирање и терапевтските можности

    Повеќе...
  • Колекција на примерок

    Што треба да знаете, и што треба да направите. Чекор по чекор за процесот на колекција

    Повеќе...
  • Наша услуга

    Разновидни пакети со цел да ги задоволат вашите различни барања. Запознајте се со нашите премиум услуги!

    Повеќе...
  • Зошто КриОвум ?

    Сето она што прави да се чувствувате сигурно. Обезбедување на квалитет, препораки, гарација

    Повеќе...
  • Најчесто поставувани прашања

    Најчесто поставувани прашања. Дали ви се потребни дополнителни информации? Чувствувајте се слободно и повикајте не!

    Повеќе...

Најновиот успех на ФамиКорд Групацијата

 

Полско-Унгарска соработка во која за прв пат во Централна Европа беа спасени четири животи со помош на мезенхималните матични клетки

Мезенхималните матични клетки од  папочната врвца за прв пат беа употребени во третман во Централна Европа со кои беше изведена трансплантација со матични клетки, која што се изврши во болниците Вроцзлав и Катовице во Полска, како резултат на Полско-Унгарската соработка.

Операцијата која спаси три детски и еден возрасен живот беше со подршка на Крио Институтот од Унгарија. Првата трансплантација со матични клетки во Централна Европа во која беа употребени мезенхималните матични клетки од папочната врвца се изврши во трансплантациониот оддел на болниците Вроцзлав и Катовице, во Полска.  FamiCord групацијата ги обезбеди матичните клетки за оваа операција од голема важност. Матичните клетки беа подготвени за операција во лабораториите на PBKM (Polish Stem Cell Bank) и Крио Институтот од Унгарија. Учеството на Крио Институт беше од клучно значење, бидејќи ги обезбеди матичните клетки за оваа исклучително важна интервенција. Крио Институт, во последните неколку години, има развиено свој уникатен метод на обработка и складирање на мезенхималните матични клетки, а со тоа е и првата  банка во Европа која има добиено официјална лиценца за оваа активност  (Октомври 2011).

Трите деца и возрасниот човек беа оперирани, и сите четворица страдаа од GVHD (Graft-versus-host disease) , каде што клетките од трансплантот го препознаваа примачот ( домаќинот) како странец, и ги напаѓаа клетките на телото на домаќинот.

Ова беше последната шанса за третман на овие пациенти- изјави Дариус Боручковски, проф-др за трансплантација, откако беа третирани со многу медикаменти, но без никаков успех.

Бидејќи досега не бил изведен сличен третман во Полска, ние моравме да бараме одобрение од Полскиот Биотехнолошки Комитет“

Матичните клетки од папочната врвца се употребени само во Централна Европа. Од неодамна било откриено дека има матични клетки во ткивото на папочната врвца ( Вартоново желе), кои уште се нарекуваат мезенхимални матични клетки. Овие клетки можат да обновуваат речиси секаков вид на човечко ткиво, и помагаат матичните клетки од крвта на папочната врвца да си го пронајдат своето место во телото на пациентот и да придонесат за побрзо закрепнување. Како матични клетки од крвта на папочната врвца, така и мезенхималните матични клетки можат да бидат изолирани само еднаш во животот, при раѓањето.