• Матични клетки

    Информирајте се повеќе за аргументите за складирање и терапевтските можности

    Повеќе...
  • Колекција на примерок

    Што треба да знаете, и што треба да направите. Чекор по чекор за процесот на колекција

    Повеќе...
  • Наша услуга

    Разновидни пакети со цел да ги задоволат вашите различни барања. Запознајте се со нашите премиум услуги!

    Повеќе...
  • Зошто КриОвум ?

    Сето она што прави да се чувствувате сигурно. Обезбедување на квалитет, препораки, гарација

    Повеќе...
  • Најчесто поставувани прашања

    Најчесто поставувани прашања. Дали ви се потребни дополнителни информации? Чувствувајте се слободно и повикајте не!

    Повеќе...

Наша услуга

Ние ви нудиме четири различни видови на пакети кои што ќе Ви овозможат да бирате на основа на Вашите желби и можност.

  • Замрзнување и чување на крв од папочна врвца во период од 10 години

Пакетот вклучува сет, транспорт, микробиолошки испитувања на мајчината крв, анализи, процесирање и 10 години чување на примарните хематопоетични матични клетки.

  • Замрзнување и чување на крв од папочна врвца во период од 20 години

Пакетот вклучува сет, транспорт, микробиолошки испитувања на мајчината крв, анализи, процесирање и 20 години чување на примарните хематопоетични матични клетки.

  • Замрзнување и чување на крв од папочната врвца и ткивото на папочната врвца во период од 20 години- Основен пакет

Пакетот вклучува сет, транспорт, микробиолошки испитувања на мајчината крв, анализи, процесирање и чување на матичните клетки од крвта на папочната врвца (примарни хематопоетични матични клетки ) + обработено ткиво од папочната врвца ( кое содржи примарни мезенхимални Wharton’s Jelly матични клетки) .Пакетот вклучува сет, транспорт, микробиолошки испитувања на мајчината крв, анализи, издвојување на матичните клетки од крвта на папочната врвца и од ткивото на папочната врвца, експандирање на клетките во период од 4 до 6 недели и 20 години чување. 

  • Замрзнување и чување на крв од папочната врвца и ткивото на папочната врвца во период од 20 години- Премиум пакет

Пакетот вклучува сет, транспорт, микробиолошки испитувања на мајчината крв, анализи, издвојување на матичните клетки од крвта на папочната врвца и од ткивото на папочната врвца, експандирање на клетките во период од 4 до 6 недели и 20 години чување. 

Откако примерокот ќе се подготви, Крио Институт ќе го обработи, ќе ги издвои и зачува матичните клетки во најголем можен број, од матичните клетки кои се на располагање. Исто така, веднаш по подготовката се започнува со процесот на анализа на примерокот за заразните болести (серолошки тестирања). 

Крио Институтот ги зачувува сите “производи од папочната врвца“ кои се достапни и потенцијално корисни за одржување и култивирање на мезенхималните матични клетки. Тоа се мали парчиња на папочна врвца, екстракт од Вартновото желе, 2 вида на клетки настанати по неколку недели од поставувањето на мезенхималните клеточни култури. Ваквата постапка дава сигурност дека зачуваните клетки се живи, неконтаминирани, способни за ин-витро експандирање, содржат правилна количина на антиген и можат да се диференцираат

Исто така што е многу важно, било какви дополнителни тестови и анализи во иднина можат да се извршуваат на таквите примероци. Бидејќи Крио Институтот примерокот го чува во повеќе криотуби, можно е да се прават дополнителни анализи и испитувања, и повторно да се замрзнат без значително да се изгуби квалитетот и бројот на матичните клетки. Поради погоре наведените постапки на обработка и замрзнување на клетките, Крио Институт е конкурентен од моментално достапните Договори на нашето подрачје. Останатите Биобанки исто така нудат различни видови на зачувување на мезенхимални матични клетки: од замрзнување на самиот фрагмент на папочната врвца, или дел од Вартновото Желе или клетки од Вартоновото Желе до култивирани клетки, но ниту една од нив не ги нуди повеќето од нив во комбинација.   

За подетални информации во врска со цените на пакетите Ве молиме обратете се кај нашиот регионален претставник.

Дознајте повеќе за предностите од чувањето на папочната врвца!

Што е тоа Вартоново желе ?

Вартоновото желе е ткиво или матрица на папочна врвца која содржи крвни вени. Овие крвни вени се многу корисни за собирање на  матични клетки од крвта на папочната врвца.

Која е разликата помеѓу мезенхималните матичните клетки собрани од Вартоновото желе, и матичните клетки собрани од крвта на папочната врвца.   

Вартоновото желе првенствено содржи мезенхимални матични клетки, додека крвта од папочната врвца, исто така содржи и други видови на матични клетки ( хематопоетични матични клетки, ендотелни прогениторни матични клетки). Со оглед на единечната количина, бројот на мезенхималните матични клетки  е многу поголем во Вартновото желе отколку во крвта на папочната врвца.

Зошто исто така вреди да се зачуваат матичните клетки собрани од Вартоновото желе?

Причината е во тоа што , доколку дојде до терапија, овие матични клетки поефикасно го подржуваат врзувањето со матичните клетки од папочната врвца. Механизмот на нивното делување не е во целост познато,  но поради нивните антиинфламаторни и имуносупресивни ефекти, постојат неколку примери на користење на користење на матични клетки од Вартновото желе заедно со матичните клетки собрани од крвта на папочната врвца. За терапии се користат исклучиво само мезенхималните матични клетки за лечење на GVHD( graft-versus-host болеста) , а за младалачки дијабетес ( шеќерна болест тип 1 T1DM)  во тек се клинички испитувања.