• Матични клетки

    Информирајте се повеќе за аргументите за складирање и терапевтските можности

    Повеќе...
  • Колекција на примерок

    Што треба да знаете, и што треба да направите. Чекор по чекор за процесот на колекција

    Повеќе...
  • Наша услуга

    Разновидни пакети со цел да ги задоволат вашите различни барања. Запознајте се со нашите премиум услуги!

    Повеќе...
  • Зошто КриОвум ?

    Сето она што прави да се чувствувате сигурно. Обезбедување на квалитет, препораки, гарација

    Повеќе...
  • Најчесто поставувани прашања

    Најчесто поставувани прашања. Дали ви се потребни дополнителни информации? Чувствувајте се слободно и повикајте не!

    Повеќе...

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Што ќе се случи доколку бебето се роди за време на викенд или празник?

  • Секако, во нашиот Институт имаме луѓе кои се на должност и за време на викендите и празниците, па според тоа , примањето, обработката и замрзнувањето на примерокот ќе биде извршени исто онака како што се извршува за време на работните денови.

Дали примероците можат да се помешаат?

  • Повеќеструкиот кодиран систем ја спречува можноста од меѓусебно мешање на примероците.  Секој примерок е сместен во одвоен  “ладач“ , и затоа е невозможно да дојде до мешање на примероците.

Што се случува со парите кои однапред се уплатени доколку собирањето на примерокот е неуспешно?

  • Доколку собирањето на примерокот е неуспешно, и примерокот неможе да се замрзне, клиентот мора да ја уплати само првата рата. Доколку се случи од некакви причини да не се собере крвта и ткивото од папочната врвца, а сетот за колекција остане неупотребен и стерилен, ние ќе ги вратиме парите од првата уплатена рата.

Кога и каде клиентите добиваат податоци за собраниот примерок?

  • По добивањето на примерокот, биолозите вршат квантитативни и квалитативни тестови. Во случајот на КПВ, тие го мерат волуменот на примерокот и температурата , и ја проверуваат присутноста на крвниот тромб. Во случајот на ПВ, тие ја мерат димензијата на ткивото и ја оценуваат неговата состојба. Доколку тестовите се во ред, клиентите ќе добијат  “записник за примање и оценка на КПА“ по електронски пат. Времето потребно за оваа постапка е  1 седмица.
  • Техничките податоци  (“направените резултати од анализата на примерокот од КПВ“) ќе бидат внесени заедно со податоците за квалитетот (број и одржливост на матичните клетки-  резултатите од виролошките и бактериските тестирања) и анализа на земениот примерок од крвта на папочната врвца.
  • Кога е во прашање квалитетот на ткивото, “записникот од обработката, тестирањето и замрзнување на ткивото од ПВ“ ќе биде прикажано со нацрт. Доколку биолозите од Институтот потврдат дека се е во ред, нацртот ќе им биде испратен по електронски пат заедно со писмо во кое се наоѓаат техничките податоци од примерокот на крв. Времето потребно за оваа постапка е  2 до 3 месеци.
  • Доколку за време на тесирањата се пронајдат одредени аномалии поврзани со патогени, ние бараме објаснување од специјалисти кои не се вработени во нашиот Институт. Мислењето кое ќе до дадат специјалистите ќе биде предадено на увид на родителите , кои во консултација со нас, ќе донесат одлука за понатамошно чување на примерокот или за негово уништување.

Дали е вистина дека целокупната количина на крв која е собрана ќе биде обработена ?

  • Секако, доколку количината на примерокот од КПВ биде поголем, тогаш ќе биде зачуван во две вреќички, и клиентот нема да има потреба да дава дополнителни средства за тоа.

Што се случува со длабоко замрзнатите примероци во случај на престанок на струја?

  • Спротивно од домашните фрижидери, струјата е многу битна во системот кој се користи за длабоко замрзнување и чување. Нема потреба од константен доток на струја бидејќи примероците се зачувани на азотна пареа. Покрај тоа, целокупниот систем е поврзан со константен проток на струја.

Дали само матичните клетки ќе бидат замрзнати или се замрзнува и целокупната количина на крв?

  • Крио Институт користи процедура акредитирана од страна на AABB- акредитацијата, ја отстранува содржината на белите крвни зрна од КПВ, кои ги има најмногу во матичните клетки и ја замрзнува таа цела група на клетки. Мануелната технологија на Институтот овозможува одстранување на поголема количина на клетки , отколку постапката со полуавтоматска или автоматска технологија на отстранување.

Некои Банки за матични клетки тврдат дека 99,9% од земените матични клетки се зачувуваат. Како е  можно тоа ?

  • Тоа е возможно во случај целокупната количина на крв  да биде замрзната без постапката на одстранување на матичните клетки. Во тие примероци, бројот на матични клетки во почетокот е поголем, меѓутоа по нивното одмрзнување, процентот на преживување е понизок затоа што црвените крвни зрнца можат да го поднесат стресот  на замрзнување и одмрзнување во мали количини и се распаѓаат по одмрзнувањето.
  • Матичните клетки и црвените крвни зрнца би требало да се замрзнат на два различни начини. Ако двата вида на клетки се замрзнат заедно, црвените крвни зрнца со разградувањето произведуваат состојки кои ги оштетуваат белите крвни зрнца и матичните клетки, и затоа степенот на преживување на клетките  е  мал. Сите водечки Банки за матични клетки во светот изолираат матични клетки. Заледувањето на целокупната количина на крв е помалку напредна технологија од 90-те години на минатиот век.

Зошто треба собраната крв од папочната врвца да се обработи пред да се замрзне наместо да се заледува целокупната количина на крв?

  • Основното правило кое се применува во Банките за матични клетки во САД, Европа и Јапонија е обработување на собраниот примерок од КПВ пред да се замрзне со цел да се елиминира вишокот на крвна плазма и црвени крвни зрнца. Доколку крвта од папочната врвца е обработена пред  да се замрзне , важна манипулација не е потребна по одмрзнувањето , бидејќи во поголемиот број на случаи, примерокот може веднаш да биде трансплантиран. Доколку примероците од КПВ кои содржат црвени крвни зрнца не биле елиминирани пред замрзнувањето, бараат понатамошна обработка по одледувањето и пред трансплантацијата. “Исплакнувањето “ на црвените крвни зрнца од примерокот обично доведува до 25% губиток на зрнцата, а исто така и центрифугирањето може да предизвика губење на целиот примерок.
  • Замрзнување и чување на целокупната крв без претходна обработа е постапка која била користена во помал број на лаборатории пред 20 години. Од овие само уште многу малку лаборатории продолжуваат со истата пракса. Ова постапката е значително поевтина отколку решението со прелиминарниот третман. Друг недостаток е тоа што трансфузијата на необработена крв предизвикува негативни реакции кај пациентите. Ова е причината што во јуни 2010 година, Интернационалниот регистар за пресадување на коскена срж, издаде предупредување до сите доктори кои се занимаваат со трансплантација на примерок кој во себе ја содржи целокупната крв.

Дали е вистина дека со колекцијата на крв од плацентата како и од папочната врвца може да се зголеми количината на крв која се собира ?

  • Не, исто и кај крвта која е собрана од папочната врвца. Просечно од плацентата се добива 200 ml крв, а во оптималните случаи може да се добие  100-200 ml крв. Доколку личноста сака да и се собере крв од плацентата, треба да го чека исфрлањето на плацентата веднаш по породувањето. Во таков случај, степенот на ризик од инфекции е многу поголем ( може да порасне и до 10%),  додека, количината на крв која се собира може но и не мора да се зголеми. Доколку личноста не го чекала исфрлувањето на плацентата по породувањето, односно е користен таканаречената  затворена (интраутерин) постапка само за примероци од папочната врвца, ризикот од инфекции би требало да биде помал од 1%.