• Матични клетки

    Информирајте се повеќе за аргументите за складирање и терапевтските можности

    Повеќе...
  • Колекција на примерок

    Што треба да знаете, и што треба да направите. Чекор по чекор за процесот на колекција

    Повеќе...
  • Наша услуга

    Разновидни пакети со цел да ги задоволат вашите различни барања. Запознајте се со нашите премиум услуги!

    Повеќе...
  • Зошто КриОвум ?

    Сето она што прави да се чувствувате сигурно. Обезбедување на квалитет, препораки, гарација

    Повеќе...
  • Најчесто поставувани прашања

    Најчесто поставувани прашања. Дали ви се потребни дополнителни информации? Чувствувајте се слободно и повикајте не!

    Повеќе...

Зошто КриОвум ?

 

Зошто КриОвум ?

 

Три услуги во едно….

  • Вашиот примерок се процесира, замрзнува и чува во една од најнапредните лаборатории во Европа.

Водечка технологија…

  • Со помош на технологијата со која располагаме се добиваат матични клетки од крвта на папочната врвца со ефикасност од повеќе од 90 проценти.

ААBB акредитација…

  • ААBB акредитирање пропишува строги барања во поглед на манипулација, обработка и чување на примерокот, и на тој начин, примероците ќе бидат прифатени – од квалитетен аспект- во целиот свет и можно е да се користат во било кој терапевтски центар.

Дополнителни тестови кои се вклучени…

  • Освен микробиолошките тестирања на собраниот примерок од КПВ, ние исто така вршиме и виролошки и бактериолошки тестови, со крвта собрана од мајката за време на породувањето, и секако ги известуваме родителите за резултатите од овие тестирања.

Големо професионално искуство…

  • Со  15.000 примероци на матични клетки собрани од папочната врвца, ние имаме големо професионално искуство во подрачјето на замрзнување на примерокот во стабилни и сигурни лабораториски објекти.

Ако навистина Ви е потребно…

  • Сите примероци на матични клетки собрани од крвта на папочната врвца на новородените бебиња се замрзнати во 4 епрувети, од 1.5 ml. Ова овозможува изведување на вообичаените тестирања пред да се користи примерокот.

Точни и детални информации- без давање на лажна надеж…

  • Микробиолошките тестирања на собраниот примерок и мајчината крв обезбедуваат сигурност поврзана со самата корисност на примерокот. Родителите во комплетност добиваат информации за резултатите од овие тестирања.

Предности на меѓународната позадина…

  • Преку нашиот главен корпоративен партнер, КРИО Институт како прва и водечка банка за матични клетки во Унгарија, ја користиме можност за членство во FamiCord групацијата и даваме меѓусебна гаранција внатре во групата, поврзана за сигурна и долгорочна зачуваност на примерокот.

И покрај сето тоа цените се пристапни…

  • Ве молиме да ги контактирате нашите регионални претставници кои што ќе ви ги дадат потребните информации и нашата најдобра понуда и можности за снижување на цената.