• Матични клетки

    Информирајте се повеќе за аргументите за складирање и терапевтските можности

    Повеќе...
  • Колекција на примерок

    Што треба да знаете, и што треба да направите. Чекор по чекор за процесот на колекција

    Повеќе...
  • Наша услуга

    Разновидни пакети со цел да ги задоволат вашите различни барања. Запознајте се со нашите премиум услуги!

    Повеќе...
  • Зошто КриОвум ?

    Сето она што прави да се чувствувате сигурно. Обезбедување на квалитет, препораки, гарација

    Повеќе...
  • Најчесто поставувани прашања

    Најчесто поставувани прашања. Дали ви се потребни дополнителни информации? Чувствувајте се слободно и повикајте не!

    Повеќе...

Матични клетки

Што се матични клетки и за што се корисни ?

Матичните клетки се посебен вид на клетки кои што можат да се делат и самите себеси да се обновуваат.  Тие исто така имаат можност да се претворат  во друг вид на клетки кои овозможуваат единствена функција, да ги заменат изумрените клетки  и ткива.

Клетките кои се изолирани од крвта на папочната врвца или од ткивото  можат да одиграат главна улога во регенерирањето на органите на хематолошкиот систем, како и некои други видови на ткива. Денес овие клетки рутински се користат за лечење на заболувања поврзани со малигните тумори, хематолошките и автоимуни болести, како и за регенерирање на крвните садови. Слично на тоа, резултатите добиени од лечењето на пациенти кои имале инфаркт на миокардот се многу охрабрувачки.

Матичните клетки изолирани од папочната врвца можат да бидат зачувани и обработени под строго утврдени лабораториски услови, затоа и примероците во помали количини се доволни за да се изврши успешно лекување.

 

Кои се болести можат да се лекуваат со употребата на матичните клетки од крвта на папочната врвца и ткиво?

Бројот на заболувања кои што можат да се лекуваат со матичните клетки од крвта на папочната врвца или ткивото константно се зголемува, но, големи се разликите во можностите и достапноста на овој вид на лекување во другите држави.

Освен различните видови на тумори на органите на хематолошкиот систем, како и одредени синдроми на имунолошка дефициентност,  можат да се регенерираат и болести на крвните садови со цел да се подобри протокот на крв.

На пример, во Франција освен горенаведените болести, терапијата со матични клетки е одобрена за лекување на јувенилен дијабетес, GVHD, вродена хипоксија и многу други пореметувања кои што можат да се развијат во периодот на детството.